БиХ

Нов земјотрес во БиХ, епицентарот повторно кај Столац

24.04.2022 09:56

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Босна и Херцеговина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC)...

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Босна и Херцеговина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри источно од Столац на длабочина од 10 километри. Регистриран е во 06 часот и 27 минути.