Пливање

Нема крај на маките на Торп!

08.04.2014 17:37

Откако се повлече од пливањето, тројниот олимписки и единасеткратен светски шампион Јан Торп не може да крене глава од неволјите со здравјето.

31 – годишниот Торп има сериозни проблеми со инфекција поради којашто е неизвесно дали во иднина ќе може да ја користи левата рака. Инфекцијата се јавила по операцијата на рамото којашто Торп ја направил во Швајцарија и затоа веднаш се вратил дома и е хоспитализиран во Сиднеј.

Веќе неколку години Торп се лечи од депресија, па беше и на рехабилитација затоашто истовремено користел антидепресиви и таблети против болка во рамото.

Торп престана со професионалнато пливањето во 2006-та година откако освои девет медали на Олимписките игри и тринаесет на Светските првенства. Во меѓувреме Австралиецот имаше и едно неуспешно враќање во базенот и тоа во квалификациите за составот на репрезентацијата на својата земја за Олимпијадата во Лондон.