Конзервација на дел од археолошкиот локалитет „Била Зора“
Штипскиот Музеј наскоро ќе почне со конзервација на дел од археолошкиот локалитет „Била Зора“ кој датира од раното бронзено време. Археолозите очекуваат новите истражувања да расветлат многу аспекти за цивилизацијата на Пајонците. Се работи за проект од национален интерес финансиран од Министерството за култура...

Музејот во Штип се подготвува да стартува со конзервација на Владетелската палата на археолошкиот локалитет „Била Зора“ кај Свети Николе, најголемиот град од раната антика во централен Балкан. Археолошките истражувања завршија пред четири години, а ископаните предмети беа само превентивно заштитени. Уникатните скалила, единствени на Балканот според начинот на градба се изронети, а пред некое време падна и една од фреските како резултат на тоа што со години беа оставени на забот на времето
Локалитетот „Била Зора“, една од Пајонските престолнини на Балканот, се протега на 20 хектари. Истражувањата започнаа пред две децении, а се планира да продолжат и понатаму. Од 2016 година Министерството за култура го прогласи истражувањето на „Била Зора“ за проект од национален интерес на кој работат музејот од Штип и Свети Николе и Филозофскиот факултет при УКИМ.
Славица Величковска
