Војната продолжува, нема најави за прекин на огнот
Путин на литургија во Москва, Зеленски на прес-конференција во метро во Киев. Вака лидерите на Русија и Украина ја минаа велигденската ноќ додека на јужниот и источниот фронт ескалираа битките кои веќе влегоа во третиот месец. Последните жртви се во Одеса...

Путин на литургија во Москва, Зеленски на прес-конференција во метро во Киев. Вака лидерите на Русија и Украина ја минаа велигденската ноќ додека на јужниот и источниот фронт ескалираа битките кои веќе влегоа во третиот месец. Последните жртви се во Одеса.
„Силната експлозија ги скрши сите прозорци во станот. Имаше чад насекаде. Собравме сè што можевме и трчавме надолу од 12. кат.“
„Одевме низ густ чад, се плашевме дека ќе изгориме. Мене ме потфати пламен од запален автомобил. Првин не почувствував, но ми кажаа тие околу мене.“
Русија не се откажува од амбицијата за контролирање на овој дел од западниот сосед. Меѓу главните цели е и отворање на копнен коридор кон анектираниот Крим. До есен планира да ги распореди на Сибир интерконтиненталните балистички ракети „Сармат“ со капацитет за нуклеарни напади врз САД.
„Проектилниот систем Искандер М е распореден на 60 км од државната граница со Украина. Непријателот продолжува делумно да го блокира Харков, да врши напади врз нашата војска и врз важни инфраструктурни објекти“, изјави Олександар Штупун, портпарол на Генералниот штаб на украинските сили.
Киев со ултиматум-разговоритеќе прекинат доколку се одржатреферендумизасоздавањет.н. „псевдорепублики“.
„Од самиот почеток, инсистирав на преговори со лидерот на Руската федерација бидејќи верувам дека каков било состанок со посредство или пренесување на информацијата преку пријателски земји нема да го даде саканиот резултат. Ова може да биде запрено од оној што го започна“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украина очекува поголема воена поддршка од САД. Американскиот државен секретар Блинкен и министерот за одбрана Остин во посета на главниот град.
Генералниот секретар на ОН Гутереш утре во Турција пред да замине за Русија и Украина каде што се планирани средби со лидерите и премиерите на овие три земји.
Маја С. Филдишев
