Затворени гласачките кутии во Словенија
Анкетите ги фаворизираа словенечката Демократска партија на актуелниот премиер Јанша, кому му се спротивстави новоформираната Либерално-Зелена политичка партија, предводена од Роберт Голоб, кој вети обединување на центристичките и на левичарските групи во идна коалициска Влада...

Затворени гласачките кутии во Словенија, на деветтите парламентарни избори од независноста. Во трка беа 20 партии и над 1.400 кандидати за влез во парламентот со 90 пратенички места.
Анкетите ги фаворизираа словенечката Демократска партија на актуелниот премиер Јанша, кому му се спротивстави новоформираната Либерално-Зелена политичка партија, предводена од Роберт Голоб, кој вети обединување на центристичките и на левичарските групи во идна коалициска Влада.
Овој пат изборите беа редовни, откако во претходните три циклуси се одеше на предвремено гласање поради пад на Владите. Анкетите сугерираат неизвесни резултати и постизборни коалиции.
