Франција

Макрон останува претседател на Франција

24.04.2022 22:17

Емануел Макрон останува во Елисејската палата и во наредните пет години...

Емануел Макрон останува во Елисејската палата и во наредните пет години.

Излезните анкети покажуваат дека актуелниот претседател на изборите освоил околу 58 проценти од гласовите, со што по втор пат ја победи десничарката Ле Пен.

Во говорот пред Ајфеловата Кула, Макрон рече дека e претседател на сите граѓани. Ле Пен вети дека ќе ја продолжи борбата.

Европските лидери веќе честитаат.