Парламентарни избори во Словенија

Според засега преброените гласови, Голоб со рекорден број пратенички места

24.04.2022 22:52

Според првите резултати на Изборната комисија, партијата на Голоб ќе има 40 мандати од вкупно 90 во државниот збор, а на Јанша 31, што ја става во полпозиција за формирање коалициска Влада, најверојатно со социјалдемократите и левичарите...

Парламентарни избори во Словенија. Според последните излезни анкети, партијата „Движење за слобода“ на чело со Роберт Голоб, главниот противник на актуелниот премиер Јанез Јанша, победила со околу 35,8 насто, додека СДС на Јанша има 22,5 проценти од гласовите.

Прагот го поминале и Нова Словенија, социјалдемократите и Левица, со што во парламентот влегуваат пет партии.

Според првите резултати на Изборната комисија, партијата на Голоб ќе има 40 мандати од вкупно 90 во државниот збор, а на Јанша 31, што ја става во полпозиција за формирање коалициска Влада, најверојатно со социјалдемократите и левичарите.