Големи протести по победата на Макрон
Француската полиција фрли солзавец врз демонстрантите во центарот на Париз кои протестираа откако претседателот Емануел Макрон повторно победи на изборите...

Француската полиција фрли солзавец врз демонстрантите во центарот на Париз кои протестираа откако претседателот Емануел Макрон повторно победи на изборите.
Полицијата се обиде да ја разбие толпата претежно млади луѓе кои се собраа откако Макрон ја победи Марин Ле Пен во вториот круг од претседателските избори, јави Ројтерс. Уапсени се неколку десетици демонстранти, а во протестите има и повредени, јавуваат француските медиуми.
Во Франција вчера се одржа вториот круг од претседателските избори на кои Макрон однесе убедлива победа над противкандидатката од екстремната десница, Ле Пен, освои над 57 насто од гласовите.
