Регион

Роберт Голоб победник на изборите во Словенија

25.04.2022 10:49

Јанез Јанша е поразен по нешто повеќе од две години на премиерската функција. Опозициската зелено-левичарска партија Движење Слобода доби 34 насто од гласовите и 40 од 90 пратенички места...

Новата либерална партија Движење Слобода на поранешниот менаџер Роберт Голоб победи на изборите во Словенија.

Јанез Јанша е поразен по нешто повеќе од две години на премиерската функција. Опозициската зелено-левичарска партија Движење Слобода доби 34 насто од гласовите и 40 од 90 пратенички места.

По речиси сите пребројани гласови, Државната изборна комисија соопшти дека десниот националист Јанез Јанша и неговата партија СДС освоија 24 отсто од гласовите, односно 28 пратенички места.

Одзивот на гласачите беше 68 отсто – поголем од одзивите на кои било други избори во Словенија во последните 22 години.