Бајса Арифовска - првата композиторка меѓу ромите

08.04.2014 18:47

Интегратацијата во градовите на ромите е една од главните предизвици во Европа.

Генералниот секретар Тор Бјор Јаглан изјави дека ромите имаат многу придонесено за Европската култура. Во Македонија тие имаат полноправно учество во општествениот, културниот и образовниот систем. Македонија може да се гордее со фактот дека ја има првата ромка композиторка Бајса Арифовска која пред 5 години го стави потписот на музиката за балетот „скршен сон“.

Драган Даутовски е човекот со кој навистина пораснав уметнички, не само како мој професор туку би рекла дека е тоа една голема животна школа, значи со самото тоа дека тој студентите ги гледаше како свои деца, првата жена композитор - Ром.  Кога еден пријател ми спомна, јас реков дека за мене тоа е многу голема работа, да го кажам тоа меѓу композиторите, меѓутоа кога имате едно посериозно дело, веќе сте го направиле вие“, изјави Бајса Арифовска

Музиката на Арифовска се надоврзува на тешкотиите на едно ромско семејство од Косово, но нејзиното компонирање наметна и друга димензија - потрага и зачувување на огромната и богата ромска музичка традиција.