Уште 10 недели до апсолутен рекорд
И покрај поразот во финалето на Србија опен Новак Ѓоковиќ ја почна 367-та недела како водечки на светската ранг-листа и е сè поблиску до апсолутниот рекорд на Штефи Граф која своевремено 377 недели беше најдобра на листата на најдобри тенисерки во светот...

И покрај поразот во финалето на Србија опен Новак Ѓоковиќ ја почна 367-та недела како водечки на светската ранг-листа и е сè поблиску до апсолутниот рекорд на Штефи Граф која своевремено 377 недели беше најдобра на листата на најдобри тенисерки во светот.
Србинот има 320 поени предност во однос на Медведев, Александар Зверев остана на истиот број поени од минатата недела со илјада пред четвртопласираниот Надал, а нема промени ниту кај Циципас и Беретини.
По одличниот настап во Барселона и двете победи во ист ден за третиот трофеј сезонава по Рим и Мајами со 497 нови поени напредуваше шпанското чудо од дете или како што го нарекуваат новиот Надал, 18 годишниот Карлос Алкараз кој се проби во топ 10 на светот и сега е на 9-тата позиција.
