Анализа

Боцевски: Иванов сигурен, Пендаровски неподготвен на ТВ-дебатата

08.04.2014 20:17

Во духот на демократските вредности, МТВ пред првиот круг од претседателските избори организираше дебата меѓу четворицата кандидати. Но, критичарите не мируваа. Реагираа дека дебатата била снимена, прашање кое не го поставуваат за она организирана од американската невладина организација НДИ.

Според поранешниот вицепремиер и политички аналитичар Ивица Боцевски, правилна е одлуката на Иванов да не се појави на ова ТВ-соочување. Вели – место за дебата е јавниот сервис, а не приватни телевизии.

 “Без разлика на намерите, навредливо и потценувачки е една странска организација или фондација да организира претседателска дебата во Македонија. Јас сметам дека сите оние кои што одбија да учествуваат во оваа дебата покажаа како се брани достоинството на Македонија„ -изјави Ивица Боцевски, политички аналитичар

Поддржувачите на Пендаровски, но веројатно и тој самиот, сфатија дека не ја искористил шансата во дебатата на МТВ да собере поени, иако долго време го предизвикуваше Иванов.

“Немав голем ќеиф да му одговарам на Иванов, бидејќи го очекував неговиот политички ментор Груевски да му кажам некои работи. Иванов е чирак, а газдата е Груевски„ – изјави Стево Пендаровски, кандидат за претседател од СДСМ

Боцевски вели дека Пендаровски покажува нервоза поради пропуштената шанса.

Дебатата заврши со предност на Иванов и со тежок дебакл на Пендаровски, бидејќи советникот Пендаровски буквално се замрзна пред вистинскиот претседател Иванов. Мислам дека СДСМ не може да најде доволно голем смоквин лист што ќе го покрие фактот дека Пендаровски на дебатата дојде со огромна доза на ароганција, мислејќи дека за да победи, доволно е само да се појави, дојде неподготвен, и се покажа дека е уплашен, в лице да му го каже на Иванов она што го зборува на други дебати. Тоа не се квалитети на некој што се кандидира за претседател на Р.Македонија„ - изјави Ивица Боцевски, политички аналитичар

И универзитетската професорка Билјана Ванковска, која како независен кандидат собираше 10.000 потписи и која е многу активна на социјалните мрежи, на Фејсбук напиша:.

“Жалам што соопштувам лоша вест. Од Стево се очекуваше најмногу, а тој најмногу разочара„ – напиша Ванковска.

Според Боцевски, Пендаровски треба да ја напушти ароганцијата и на наредната дебата да се претстави во подобро светло.

Мартин Пушевски