Македонија

Османи во Софија на конференција за ЕУ и Балканот

26.04.2022 09:14

Покрај Османи, на конфернцијата најавено е учеството и на шефовите на дипломатиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, како и на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска. Ним ќе им се придружат еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, како и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчек и специјалниот пратеник на британската влада за Западен Балкан Стјуарт Пич.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денес ќе престојува во Софија каде што ќе учествува на меѓународна конференција за зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ, насловена „ЕУ се среќава со Балканот. Лекцијата од Украина: Европското проширување – заштитата од војна“.

Покрај Османи, на конфернцијата најавено е учеството и на шефовите на дипломатиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, како и на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска. Ним ќе им се придружат еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, како и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчек и специјалниот пратеник на британската влада за Западен Балкан Стјуарт Пич.

Видео обраќање до учесниците ќе има генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, како и вицепремиерката на Украина Олга Стефанишина.

За време на работаната посета на Германија Османи, вчера на средбата со Ана Лирман, државната министерка за Европа во германското МНР, доби потврда дека Берлин останува предводник на европската перспектива на Северна Македонија и на целиот регион. Почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија е високо на агендата на германското МНР и Влада, објави тој на неговиот Фејсбук профил по средбата со Лирман.

Во рамки на посетата на Берлин, која ја оцени за многу важна, шефот на дипломатијата имаше средби и со Михаил Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи, и со Антон Хофрајтер, претседател на Комисијата за ЕУ прашања, при што исто така, бил реафирмиран германскиот ангажман и поддршка на европскиот пат на Северна Македонија.

Се очекува Османи денеска во Софија да има средба со неговата бугарска колешка Теодора Генчовска на која би станало збор за отворените прашања меѓу Скопје и Софија.