Политика

Тематска владина седница и Форум по повод 100 дена од мандатот на новата Влада

26.04.2022 09:23

Во пресрет на одбележувањето на 100 дена од својот мандат, Владата денеска ќе одржи тематска седница...

Во пресрет на одбележувањето на 100 дена од својот мандат, Владата денеска ќе одржи тематска седница.

Како што информираат од владината прес-служба, по истиот повод во петок во Националната опера и балет, ќе се одржи Форум на кој се поканети претставници од медиумите, дипломатскиот кор, стопанските комори и граѓанските организации и здруженија.

На Форумот ќе се дискутира за постигнувањата на Владата и министерствата во изминатите 100 дена по принцип на прашања и одговори.