Евроинтеграции
Вархеји утре во Скопје
26.04.2022 09:36
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во рамки на неговата турнеја низ регионот, утре ќе ја посети Македонија...

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во рамки на неговата турнеја низ регионот, утре ќе ја посети Македонија.
Во Скопје ќе допатува од Софија каде учествува на конференција за зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ, насловена „ЕУ се среќава со Балканот. Лекцијата од Украина: европското проширување – заштита од војна“.
Во Софија ќе има средби со претседателот Радев, со премиерот Петков и со шефицата на бугарската дипломатија Генчовска.
Покрај посетата на Бугарија и на Македонија на агендата на еврокомесарот за проширување на ЕУ е и Албанија.
