Челзи и Реал во полуфиналето!

08.04.2014 23:15

Жозе Мурињо изведе уште една магија, а Борусија немаше доволно сили за сензација против Реал. Лондонските сини и кралскиот клуб го минаа четврфиналето во Лигата на фудбалските шампиони.

На реваншите од четвртфиналната фаза, Челзи го совлада Пари Сен Жермен со 2-0 и поради гол на гости се пласира во наредната рунда. На првиот меч беше 3-1 за францускиот претставник, но вечерва Ширле во 32-та минута погоди за 1-0, а „Стемфорд Бриџ“ го запали Демба Ба со погодокот во 87-та. Челзи го продолжува сонот за втор  пехар во елитната конкуренција на УЕФА. За Пари Сен Жермен преголем хендикеп беше отсуството на Ибрахимовиќ кој не настапи поради повреда.

Во Дортмунд, Борусија анулираше два од трите гола на Реал од првото меѓусебно соочување на „Сантијаго Бернабе“. Сепак, негативата од 3-0 остана безбедна за Реал и покрај вечерашниот пораз од 2-0. Откако Ди Марија промаши пенал во 17-тата минута, германската упорност на „милионерите“ создаде драма. Двоен стрелец беше Ројс во 24-тата и во 37-та минута. Победата за ланскиот финалист е пирова, а Реал чекори кон десеттата европска круна.

Шпанија со сигурност ќе има уште еден тим во полуфиналето затоа што противници се Атлетико Мадрид и Барселона. Утре на „Висенте Каледерон“ ривалите од Примера ќе истрчаат со 1-1, а актуелниот првак Баерн ќе го пречека Манчестер јунајтед, исто така со 1-0 од првите 90 минути од четврфиналето.

На МРТ 1 од 20 и 15 ќе почне емисијата посветена на УЕФА Лигата на шампионите, а во неа ќе го видите преносот од натпреварот Атлетико – Барселона.