Македонија

Американскиот помошник државен секретар Донфрид доаѓа во посета на Македонија

26.04.2022 09:44

Ќе се сретне со државниот врв за да испрати силен сигнал за поддршка на нашата земја за отворање на преговорите со Европската унија.

Карен Донфрид, американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски односи на 28-ми април доаѓа во официјална посета на Македонија, што е дел од турнејата низ Западен Балкан.

Ќе се сретне со државниот врв за да испрати силен сигнал за поддршка на нашата земја за отворање на преговорите со Европската унија.

Донфрид ќе разговара и за континуираната помош за Украина, како и за регионални, безбедносни и одбранбените прашања. Помошникот државен секретар посетата регионот ја почна од вчера.