КСС од денеска со секојдневни протести ќе бара усогласување на платите со минималната
Неделава се очекува да продолжат преговорите за општиот колективен договор. Од ССМ велат дека предлогот е доставен до владата и очекуваат повик за продолжување на дијалогот.

Конфедерацијата на слободни синдикати од 16 до 17 часот, секој ден до петок најави протестен марш од Собранието до Владата. Бараат да се усогласат платите во јавниот сектор согласно со покачувањето на минималецот. Неприфатливо е заголемувањето од 100 до 200 денари согласно со законот за административни службеници.
Неделава се очекува да продолжат преговорите за општиот колективен договор. Од ССМ велат дека предлогот е доставен до владата и очекуваат повик за продолжување на дијалогот.
Од Конфедерацијата велат дека не се вклучени во процесот. Сојузот на синдикати на Македонија преку колективниот договор бара линерано зголемување на платите за 2.806 денари, но и враќање на К-15 за целиот јавен сектор во 2023 година.
Во новиот општ колективен договор треба да се утврди и нова методологија за пресметка на платите со која ќе се обезбеди редовна корекција според критериуми кои дополнително ќе бидат утврдени.
