МВР: Казнет возачот кој со возило се движел по Камени мост

26.04.2022 10:40

Изречени му се мерки поради движење спротивно на сообраќаен знак...

Во текот на вчерашниот ден е санкциониран И.А. (68) од с. Чегране, Гостивар, кој со патничко возило се движел по Камениот мост во Скопје, информираат од МВР.

Изречени му се мерки поради движење спротивно на сообраќаен знак, паркирање во пешачка зона и истечена важност на сообраќајна дозвола.