Сообраќај

842 санкции за брзо возење

26.04.2022 11:03

57 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 842 возачи.

Од нив 57 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 399 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 443 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.