Престрелка пред чајџилница во Чаир, убиено едно лице
Во пукањето со тешки повреди се здобил 47- годишник од Скопје кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал.

Едно лице е убиено во синоќешната престрелка пред чајџилница во Чаир. Од МВР информираат дека синоќа околу 22 часот било пријавено дека две лица пукале со автоматско оружје на ул. „Браќа Реџепагиќ“.
Во пукањето со тешки повреди се здобил 47- годишник од Скопје кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал.
Со повреди се здобиле и три лица од Скопје, од кои две биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а едно во комплексот клиники за укажување на лекарска помош, соопштуват од МВР.
Увид на местото извршиле полициски екипи. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.
