Пекинг спроведува масовно тестирање на населението
Властите во Пекинг наредија 3,5 милиони жители во најголемиот кварт Чаојанг да спроведат тестирања. Повеќе од десетина станбени згради во Чаојанг, амбасади и меѓународни бизниси, се затворени...

Главниот град на Кина бележи се поголем број на заразени со коронавирус.
Властите во Пекинг наредија 3,5 милиони жители во најголемиот кварт Чаојанг да спроведат тестирања. Повеќе од десетина станбени згради во Чаојанг, амбасади и меѓународни бизниси, се затворени.
Според Ксу Хеџијан- портпарол на општинската влада, Пекинг ќе го прошири скринингот со спроведување на три рунди на тестирање за Ковид-19 во 10 области и една зона, до сабота.
Жителите на Пекинг ги преплавија супермаркетите за да обезбедат храна, сакајќи да избегнат недостиг како во Шангај во случај повторно да биде воведено заклучување во целиот град.
