Шампионкте убедливи!
Екипата на Форца волеј е прв финалист во женскиот одбојкарски шампионат на Македонија.

Актуелните првенки победија со 3-0 во сетови на гостувањето кај Работнички во нивниот втор меѓусебен дуел од полуфинелето во разигрувањето за титулата.
Како и на првиот натпревар, Форца имаше постојана контрола на резултатот и беше убедлива, во првиот сет со 25-13, во вториот со 25-19, а во третиот со 25-14. Со вкупни 2-0 во победи Форца е учесник во финалната серија, а во неа ќе биде и поуспешниот тим од соочувањето меѓу Јанта волеј и Македонија Макс. Првиот меч им припадна на одбојкарките на Македонија Макс, па доколку утре го искористат домашниот терен, тогаш со 2-0 во победи ќе обезбедат пласман во завршните натпревари за сезонскиот трофеј во првенството.
