Тематска седница

Влада: Буџетот е финансиски стабилен

26.04.2022 13:41

Претседателот на Владата дополни дека пакетот антикризни мерки и операционализацијата на бескаматните кредити од Развојна банка во вредност од 5 милиони евра за три поволни кредитни линии за поддршка и развој на приватниот сектор, ќе обезбедат поддршка за стопанството и ликвидност на компаниите.

Премиерот Димитар Ковачевски на тематската седница посветена на првите 100 дена од работењето на Владата истакна дека економските и финансиските показатели се импресивни со оглед на брзорастечката глобална економска криза и дека координираноста на сите чинители овозможи стабилност на финансискиот систем.

„Денарот и покрај сите турбуленции е стабилен. Имаме поставени заштитни механизми во финансискиот систем, што овозможува негово непречено функционирање, а соодветното ниво на девизните резерви овозможува доволна девизна ликвидност на домашната економија“, нагласи Ковачевски.

Претседателот на Владата дополни дека пакетот антикризни мерки и операционализацијата на бескаматните кредити од Развојна банка во вредност од 5 милиони евра за три поволни кредитни линии за поддршка и развој на приватниот сектор, ќе обезбедат поддршка за стопанството и ликвидност на компаниите.

„Со донесената програма за економски реформи за следниот тригодишен период се поттикнува зелената транзиција со цел зголемување на уделот на енергија добиена од обновливи извори, зајакнување на човечкиот капитал, како и подобрување на конкурентноста на домашните претпријатија и нивна интеграција во глобалните вредносни синџири, како и формализација на економијата“, посочи Ковачевски.