Дефицитот во буџетот ќе се финансира од два извора
Премиерот најави дека ресорот за финансии наскоро со ММФ ќе ги прецизира бројките...

Наместо со издавање еврообврзница, дефицитот во буџетот ќе се финансира од два други извора, новиот инструмент на ММФ и со макрофинансиска помош од Европската комисија.
„Одобрувањето на тој инструмент ја квалификува државата да може да аплицира во Европската комисија за макрофинансиска помош. Постојат различни извори на финансирање на буџетските дефицити. Тоа финансирање може да се направи со еврообврзница, но и преку вакви финансиски инструменти. Во моментот еврообврзниците имаат повисока цена, во однос на другите инструменти кои ги обезбедуваме, кои пак имаат каматни стапки околу еден процент“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
Премиерот најави дека ресорот за финансии наскоро со ММФ ќе ги прецизира бројките по што ребалансот на буџетот во почетокот на мај ќе биде доставен до Собранието на разгледување.
