Реал Мадрид и Челси во полуфиналето
Фудбалерите на Реал Мадрид се провлекоа низ иглени уши на гостувањето во Дортмунд, каде што на “Вестфален“ стадионот загубија од Борусија со 2:0.

Кралевите можеа да ја потврдат високата победа од 3:0 од првиот натпревар во 17 минута, но пеналот на Анхел Ди Мариа голманот Вајденфелер спеа да го одбрани. Тоа беше дополнителен импулс за германскиот клуб, кој поведе преку Марко Ројс во 24 минута, користејќи ја несигурноста на одбраната на чело со Икер Касиљас. Истиот играч зголеми на 2:0 во 37 минута, но резултатот остана непороменет до крајот на натпреварот. Во второто полувреме двата тима имаа по неколку обиди, а најголемата за домашните беше во 65 минута, кога Хенрик Мкхитарјан биеше во стативата. Реал играше без најдобриот фудбалер Кристијано Роналдо, но се пласира во полуфиналето со вкупни 3:2. Мадриѓаните остануваат во борба за својата десетта европска титула, откако му се одмаздија на минатогодишниот финалист за елиминацијата во полуфиналето.
Очекувана драма имаше во Лондон, каде што на “Стенфорд Бриџ“ ПСЖ до последните 3 минути имаше резултат за пласман меѓу четирите најдобри. Челси дојде до посакуваната победа со головите на резервистите. Поведе преку Андре Шурле во 32 минута, кој претходно го замени повредениот Еден Азар, а конечните 2:0 ги постави Демба Ба во 87 минута. Лондонските сини кои пред две сезони го освоија трофејот во ЛШ се по седми пат во полуфиналето. ПСЖ играше без повредениот Златан Ибрахимовиќ е елиминиран во истата фаза како и минатата сезона, кога загуби од Барселона. Утревечер ќе бидат познати другите две екипи кои ќе ја формираат големата четворка во елитната конкуренција. На “Алианц“ арената во Минхен, европскиот шампион Баерн го дочекува Манчестер Јунајтед, а во шпанската пресметка, Атлетико Мадрид на “Висенте Калдерон“ ќе игра со Барселона. Првите натпревари завршија идентично, по 1:1.
