Свет
Русија ја прекина испораката на гас за Полска
26.04.2022 19:14
Официјално не е објавено дека испораките се прекинати. Во текот на денот се очекува официјално соопштение, велат од Онет...

Русија ја прекина испораката на гас за Полска, пренесува порталот Онет, повикувајќи се на неофицијални информации од владини кругови и енергетската компанија PGNiG.
Како што се наведува, формиран е кризен штаб во Министерството за климатски прашања.
Официјално не е објавено дека испораките се прекинати. Во текот на денот се очекува официјално соопштение, велат од Онет.
