Груевски во Неготино: Ни треба вашиот глас за да продолжат проектите
Ни треба вашиот глас за да не бидете ветер во гради, за да продолжат проектите, делата, реформите, од кои благодетот ќе го чувствуват сите во Македонија...

Ни треба вашиот глас за убедлива победа, за 62 пратеника, за доброто на Макдонија. Вака лидерот на ВМРО ДПМНЕ- Никола Груевски им се обрати на неготинчани.
Во своето обраќање потсетувајќи ги присутните граѓани за она што е сторено во тиквешкиот регион, Груевски направи разлика од времето како се живеело пред 2006-та и по 2006-та година.
Тој е сигурен дека разликите се воочливи и граѓаните добро знаат на кого да му веруваат нагласувајки дека нивните политички опоненти без реална програма, со украдени слогани, се обидуваат да дојдат до власта.
Пензионерите сеуште се сеќаваат на времето кога пензиите се делеа во 3 категории и наместо покачувања добиваа намалувања, сега, рече Груевски, во нашата програма предвидуваме покачување на пензиите за 5 проценти секоја година во наредните четири.
Исто толку ќе се покачат и платите во администрацијата и социјалната помош...
