Тенис – ИТФ Загреб (двојки)
Ѓорческа и Хромачева во четвртфинале
26.04.2022 20:27
Испадна во второто коло во поединечна конкуренција, но Лина Ѓорческа има реални шанси за завршница на ИТФ турнирот во Загреб во двојки...

Испадна во второто коло во поединечна конкуренција, но Лина Ѓорческа има реални шанси за завршница на ИТФ турнирот во Загреб во двојки.
Како трети фаворитки, најдобрата македонска тенисерка и Русинката Ирина Хромачева се пласираа во четвртфиналето, откако во две сета беа подобри од босанско – словенечката комбинација, Херџелас – Јакуповиќ.
Од 45-те ИТФ титули во двојки, Ѓорческа има една од турнир вреден 60 илјади долари и тоа пред три години во германски Хешинген.
