Вимблдон со зелено светло за „невакцинираните“
Откако решија да им забранат настап на руските и на белоруските тенисери и тенисерки, во Вимблдон донесоа нова, но спротивна одлука и тоа во врска со ковид ограничувањата...

Откако решија да им забранат настап на руските и на белоруските тенисери и тенисерки, во Вимблдон донесоа нова, но спротивна одлука и тоа во врска со ковид ограничувањата.
На 134-то издание ќе можат да играат и оние кои не се и нема да бидат вакцинирани од 27 јуни до 10 јули што значи дека овојпат сеанглискиот тениски клуб ќе ги следи позитивните протоколи на британската Влада.
Според тоа, најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ по Ролан Гарос ќе може да игра, да ја брани титулата и да се обиде да ја освои седмата на најстариот тениски турнир.
Со укинување на мерките, за разлика од минатата сезона кога капацитетот на посетители се до последните четири дена беше намален, овојпат ќе биде дозволен максимален број гледачи во Вимблдон уште од првиот ден.
