Фудбал – Лига на шампиони (полуфинале – прв натпревар)

Во голеадата Манчестер Сити подобар од Реал Мадрид

27.04.2022 00:25

Фудбалска убавица во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид. Граѓаните славеа само со 4:3 иако во три ситуации имаа по два гола предност.

Фудбалска убавица во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид. Граѓаните славеа само со 4:3 иако во три ситуации имаа по два гола предност.

Уште по 83 секунди игра, де Бруин му донесе водство на англискиот шампион коешто во 11-та минута на 2:0 го зголеми Жезус. Бензема во 33-та намали на 2:1: До +2, сити повторно дојде во 53-та со погодокот на Фоден, но Винициус Жуниор само две минути подоцна го доближи Реал на гол негатива, 3:2. Бернардо Силва во 74-та минута му обезбеди нова солидна предност на домашниот тим, којашто со пенал – паненка во 82-та минута ја поништи Бензема со 14-от гол сезонава со што моментално е прв стрелец во Лигата на шампионите. За францускиот напаѓач ова беше 17-ти погодок на последните 12 елитни натпревари и вкупно 41 сезонава во сите конкуренции. Реваншот во Мадрид ќе се одигра следната среда,

Оваа, пак, во второто полуфинале, поточно во првиот меч на Енфилд, шесткратниот европски шампион, Ливерпул ќе се соочи со Вилјареал којшто само вторпат е во големата четворка во Лигата на шампионите. Во 2006-та, шпанскиот тим беше елиминиран од Арсенал. Преносот од натпреварот на МТВ1 и на МТВ3 ќе почне во 20.55, специјалната емисија, пак, во 20.15 часот.