Струмица со победа над Шкендија
Струмичани без проблеми славеа со 3:0, по сетови 25:20, 25:18 и 25:21 и најавија дека се подготвени да ја освојат осмата титула во последните девет години или вкупно деветтата во клупската историја. Со трофејот во купот сезонава, Струмица има 16 пехари во македонската одбојка...

Одбојкарите на Струмица со победа ја почнаа одбраната на двојната круна откако поведоа со 1:0 во финалната серија од Првата лига против Шкендија.
Струмичани без проблеми славеа со 3:0, по сетови 25:20, 25:18 и 25:21 и најавија дека се подготвени да ја освојат осмата титула во последните девет години или вкупно деветтата во клупската историја. Со трофејот во купот сезонава, Струмица има 16 пехари во македонската одбојка.
Шкендија, пак, којашто беше шампион во 2011-та, во четврток ќе биде домаќин на вториот финален натпревар во серијата до три триумфи.
