Јанта волеј со предност против Работнички
Со амбиција да ја одбранат двојната круна, одбојкарките од Кисела вода беа подобри и дозволија само да го загубат вториот сет со 25:20. Во првиот и третиот беа поуспешни со 25:19, додека во четвртиот доминираа со 25:14...

Одбојкарките на Јанта волеј Кисела Вода е на триумф до четвртата титула во клупската историја откако со 3:1 во сетови ја зголемија прдност на 2:0 во финалната серија против Работнички Скопје.
Со амбиција да ја одбранат двојната круна, одбојкарките од Кисела вода беа подобри и дозволија само да го загубат вториот сет со 25:20. Во првиот и третиот беа поуспешни со 25:19, додека во четвртиот доминираа со 25:14.
Третиот натпревар ќе се одигра в петок, домаќин ќе биде Работнички Скопје, но доколку триумфира, Јанта волеј Кисела вода ќе ја освои втората титула по ред.
