ДУИ во Дебар

09.04.2014 00:37

Од 2002 од кога се формира ДУИ се заколнавме да го оствариме охридскиот договор и се бориме за европски вредности...

При тоа секогаш сме инсистирале за унапредување на правата на албанците без разлика на политичката ориентација. Имавме потешкотии и многу противници, но постојана беше тенденцијата на ДУИ да ги обедини сите албанци на заеднички демократски фронт, рече пред жителите на Дебар, носителот на листата во петтата изборна единица од ДУИ, Муса Џафери.

„Ги повикуваме сите симпатизери и гласачи  и оние кои се двоумат  да се ориентираат кон ДУИ за да се соочат со предизвикот на политките што не стагнираат и бараат да се стопираат процесите на остварување на правата на албанците. А тоа е сосема во  согласност со евроатланските процеси, и не е во спортивност со ништо и никого“, рече Муса Џафери.