Свет

Бугарија и Полска без испорака на руски гас

27.04.2022 09:53

Властите во Софија тврдат дека тие целосно ги исполниле своите обврски и плаќања кон Русија, согласно постоечкиот договор кој истекува во декември годинава, но и покрај тоа добиле известување дека ќе бидат суспендирани. Од бугарското Министерство за енергетика велат дека се преземаат мерки за алтернативни набавки на гас и дека до овој момент во земјата, нема ограничувања за негово користење...

Руски „Газпром“ ја стопира испораката за Бугарија и Полска.Властите во Софија тврдат дека тие целосно ги исполниле своите обврски и плаќања кон Русија, согласно постоечкиот договор кој истекува во декември годинава, но и покрај тоа добиле известување дека ќе бидат суспендирани. Од бугарското Министерство за енергетика велат дека се преземаат мерки за алтернативни набавки на гас и дека до овој момент во земјата, нема ограничувања за негово користење.

И властите во Варшава тврдат дека нема место за паника, бидејќи земјата има доволно резерви.

„Од првиот ден на војната пренесовме дека сме подготвени за целосна независност од фосилните горива на Русија. Последните години и нашите интензивни акции и инвестициска политика создадоа можности за диверзификација и ни овозможија да се чувствуваме безбедно“, изјави Ана Москва – министерка за животна средина на Полска.

Бугарија и Полска се првите земји членки на унијата кои остануваат без испорака на руски гас.

Газпром одлуката ја оправдува со новите правила според кои непријателските земји мора да плаќаат во рубли.