Камерно- солистички концерт „Надеж“
Оваа вечер, на програмата ќе бидат дела од авторите Тодор Бојаџиев, Илија Пејовски, Маријана Јаневска, Стојан Стојков, Филип Иванов и Дамјан Темков кои ќе ги изведат младите уметници Ана Спасовска, Ивона Базгалоска, Памела Велкова, Маја Михајловска и Леона Кондратенко. Пијано придружба е Елена Атанасовска - Ивановска.

Крајот на првата, пролетна сезона на 45-тите „Денови на македонска музика“ ќе биде означен со камерно- солистичкиот концерт насловен „Надеж“.
Фестивалскиот подиум, традиционално и оваа година ќе им биде отстапен на младите музички надежи, студенти и дипломанти на музичките универзитети во државата. Со ваквите иницијативи кои имаат за цел континуирана презентација како на новото музичко творештво, така и на новото исполнителство, фестивалот овозможува да се создаде компактна, генерална слика за патеката на движење на современата музика и исполнителство на нашите простори.
Оваа вечер, на програмата ќе бидат дела од авторите Тодор Бојаџиев, Илија Пејовски, Маријана Јаневска, Стојан Стојков, Филип Иванов и Дамјан Темков кои ќе ги изведат младите уметници Ана Спасовска, Ивона Базгалоска, Памела Велкова, Маја Михајловска и Леона Кондратенко. Пијано придружба е Елена Атанасовска - Ивановска.
Концертот ќе се одржи во сабота, 30-ти април, во Музеј на македонската борба со почеток во 20 часот. Влезот е слободен.
