Мјанмар

Пет години затвор за поранешната лидерка Су Чи

27.04.2022 10:11

Обвинета е за голем број кривични дела, вклучително и измама на гласачите. Су Чи е во домашен притвор од февруари 2021 година, кога со воен удар беше соборена нејзината избрана влада. Таа ги негира обвинувањата...

Аун Сан Су Чи, 76-годишната нобеловка и поранешна лидерка на Мјанмар доби 5-годишна затворска казна. Судот, со кој владее војската ја прогласи за виновна поради корупција.

Обвинета е за голем број кривични дела, вклучително и измама на гласачите.

Су Чи е во домашен притвор од февруари 2021 година, кога со воен удар беше соборена нејзината избрана влада. Таа ги негира обвинувањата.

Судскиот процес беше затворен за јавноста и медиумите, а на адвокатите на Су Чи им беше забрането да зборуваат со новинарите.