Маркудова-нов уставен судија

21.11.2013 12:27

Вангелина Маркудова, судија во Одделот за организиран криминал

Вангелина Маркудова, судија во Одделот за организиран криминал во Скопскиот Кривичен е избрана за судија на Уставниот Суд на Република Македонија. Судскиот совет се одлучил за Маркудова поради постигнатите резултати во долгогодишниот стаж во судството и високите оценки кои ги добивала од ова тело. Маркудова во јавноста е позната како главен судија или дел од судечкиот совет во предметите: „Змиско око“, „Тенковски делови“, „Сопот“, „Франкфурт Мафија“, „Фаланга 2“. Маркудова доаѓа на местото на Бранко Наумоски чиј седумгодишен мандат истекува  во декември годинава.