Ѓукановиќ: Да продолжи проширувањето на НАТО, за Балканот да не стане Украина!
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ упати апел во Вашингтон да продолжи проширувањето на НАТО за да не случи иста ситуација на Балкнот како во Украина...

Проширувањето на НАТО мора да продолжи бидејќи без стабилен Балкан нема да има стабилна Европа, изјави црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ во Вашингтон. Иако вели е убеден дека Црна Гора ќе добие покана на самитот во септември, сепак на крајот дозволи и поинаков исход во Кардиф.
„Не е добра логика, па ако не стигнеме на самитот во Велс, за Бога, ќе има и друг самит и има време и помеѓу два самита. Сето тоа е точно и ние треба да ги исполниме нашите обврски, но мислам дека нешто што треба да се направи е подобро да се направи порано отколку подоцна“, изјави црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.
Според Ѓукановиќ, Црна Гора која се наоѓа во 4-тиот Акционен план на реформи, а Македонија во 14-тиот, била поподготвена од Македонија за членство во НАТО во моментов, поради блокадата од Грција.
„Македонија која е веќе долго целосно блокирана во процесот на евроатланска интеграција, се сеќавате дека беше најавена нејзина интеграција во НАТО во 2008-та во Букурешт, но поради недоразбирањето со Грција тоа изостана. Впечатокот денеска е дека Македонија не е поблиску до НАТО во однос на 2008-та, и се осмелувам да кажам и подалеку е“, рече Ѓукановиќ.
Ѓукановиќ по средбата со американскиот подпретседател Џо Бајден изјави дека сегашната администрација во Белата куќа не е заинтересирана за проширувањето на НАТО.
Црна Гора се надева на покана на престојниот самит во септември но не исполнува еден од клучните критериуми, во ЦРна Гора има само 46% поддршка за членство во НАТО.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
