Спасовски: Исклучителни резултати во првите 100 дена од работењето
Спасовски потенцираше дека Владата и раководството на МВР се исклучително свесни дека за етаблирање на полицијата како гарант за заштита на законитоста во интерес на сите наши граѓани, континуирано мора да се вложува во нова генерација на комплетно опремени и задоволни полициски службеници.

Ова раководство на МВР во изминатите 100 дена работеше на континуирана реализација на приоритетот за создавање на модерна, опремена, стручна, ефикасна, но и задоволна полиција, која на законит, стручен, транспарентен и одговорен начин ќе ја гарантира целосната лична и имотна сигурност на граѓаните, ќе продолжи одлучно и неселективно да се справува со организираниот криминал и корупцијата и успешно да работи на превенција од сите облици на тероризам и други противуставни дејствија, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод сработеното во првите 100 дена од работењето на оваа Влада.
Спасовски потенцираше дека Владата и раководството на МВР се исклучително свесни дека за етаблирање на полицијата како гарант за заштита на законитоста во интерес на сите наши граѓани, континуирано мора да се вложува во нова генерација на комплетно опремени и задоволни полициски службеници.
Трендот на квалитативно подобрување на условите за работа останува приоритет на ова раководство на МВР и за тековната 2022 година, бидејќи секое вложување во полицијата значи задоволни полициски службеници, што за возврат претставува унапредување на севкупната безбедност на граѓаните,истакна министерот Спасовски.
Порача дека продолжува имплементацијата на стратешки поставените приоритети за опремена и мотивирана полиција во служба на граѓаните, безбедни сообраќајници за помалку жртви во сообраќајот, сузбивање на криминалот со дрога за безбедни генерации и законски реформи за поголема ефикасност на полицијата.
