Бектеши: Има континуирана испорака на гас од „Гаспром“ преку Бугарија
Подмирени се обврски во делот за снабдување со природен гас. Ситуацијата е комплексна, но како држава имаме алтернативи за секаква одлука што може да се донесе.

Денеска има континуирана испорака на гас од „Гаспром“ преку Бугарија, вели министерот за економија, Крешник Бектеши. Подмирени се обврски во делот за снабдување со природен гас. Ситуацијата е комплексна, но како држава имаме алтернативи за секаква одлука што може да се донесе.
„Според денешните состаноци со трговците, со ГА-МА и со АД НЕР, се подмирени сите обврски од наша страна во делот со снабдување со природен гас. Ситуацијата е комплексна и никогаш не се знае каккви одлуки може да се донесат, но ние како држава имаме алтернатива за секоја ситуација“, рече министерот Бектеши.
Во земјава има три активни системи за снабдување со природен гас, во тек е проектот и со гасната конекција со Грција.
Бектеши најави дека следната недела во Софија ќе се состанат сите економски министри на засегнатите земји од регионот.
