Здравство

89 нови случаи со Ковид-19

27.04.2022 13:04

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.310, бројот на оздравени пациенти е 299.539, на починати е 9.278, а бројот на активни случаи изнесува 493.

Во последните 24 часа направени се 1.760 тестови, а регистрирани се 89 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 48, Битола – 18, Берово – 4, Прилеп, Кавадарци, Штип и Кичево – по 3, Велес – 2, Охрид, Струмица, Гевгелија, Ресен и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 21 реинфекции. Регистрирани сe 156 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Скопје (74г), починато во болнички услови, починато на 25.04.2022 година.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.310, бројот на оздравени пациенти е 299.539, на починати е 9.278, а бројот на активни случаи изнесува 493.

Досега во земјата се направени вкупно 2.013.928 тестирања на Ковид-19.