Што ќе гледате утре во „Македонија наутро“?
За сите љубители на пишаниот збор, го најавуваме 34 издание на Меѓународниот саем на книга кое ќе се одржи од 3 до 9 мај, во арена „Борис Трајковски“.
Седми мај е денот на Македонската полиција. За професионалните предизвици во борбата против криминалот и корупцијата, против тероризмот, за институцијата којашто претставува заштитник на слободите и правата на граѓаните, на нивната сигурност и безбедност во државата разговараме со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Според статистичките податоци на Меѓународната организација на трудот, секоја година повеќе од 2 милиони луѓе умираат од несреќи на работното место или од болести кои се поврзани со работата. Со Милан Петковски од македонското Здружение за заштита при работа, говориме за 28-ми април Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, а во живо од Штип проверуваме колку се почитува безбедноста при работа во конфекциите.
ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува со неделни анализи на квалитетот и безбедноста на водата за пиење во главниот град. За квалитетот на водата која ја пијат скопјани, Елизабета Кузмановска разговара со Катерина Димовска – оперативен директор во ЈП Водовод и канализација.
За сите љубители на пишаниот збор, го најавуваме 34 издание на Меѓународниот саем на книга кое ќе се одржи од 3 до 9 мај, во арена „Борис Трајковски“.
На тема литература во „Македонија наутро“ ја промовираме петта книга на Ана Јовковска симболично насловена „Емотивен талог“.
„Македонија наутро“ почнува во 06:45.
