Регион

Црна Гора: Закани за бомби до неколку локални самоуправи

27.04.2022 13:47

Полицијата ги евакуираше луѓето од објектите и врши претрес во Никшиќ, Бар и Беране.

Дојава за бомби во училишта и општински згради во неколку градови на Црна Гора. Тревога и во кабинетот на црногорскиот претседател Ѓукановиќ.

Полицијата ги евакуираше луѓето од објектите и врши претрес во Никшиќ, Бар и Беране. Во акцијата не се пронајдени експлозивни уреди.