Министерство за правда: Предложениот колективен договор на синдикатот на УВМК е противзаконски
Текстот на колективниот договот ќе се преработува. Во меѓувреме, ќе се преземат активности за интерното унапредување на вработените во управата.

Министерството за правда е запознато со барањата на независниот синдикат на Управата за водење матични книги. Но, оттаму велат дека не може да се потпише предложениот колективен договор бидејќи е противзаконски.
Текстот на колективниот договот ќе се преработува. Во меѓувреме, ќе се преземат активности за интерното унапредување на вработените во управата.
„Договорено е да се подобри комуникацијата меѓу синдикатот и раководството на УВМК како и да се разгледа можноста за интерни унапредувања и дополнителната мотивација на вработените а се со цел, подобрување на услугите на граѓаните за добивање документи“, се наведува во соопштението од Правда.
