Евиденција за употреба на пестициди
Од 30 април сите земјоделци кои сакаат да добијат субвенции ќе мора да водат евиденција за секое третирање на културитер со пестициди..лани оваа обврска важеше само за лозарите и овоштарите..

Сите лозари и овоштари корисници на субвенции од 30 септември лани мораат да водат евиденција за сите карактеристики,употребата и залихите на заштитни средства за растенијата.
Другите фармери оваа обврска треба да ја почнат од 30 април годинва.
Евиденцијата се чува најмалку пет години. Заштитата на растенијата се врши само со одобрени пестициди според даденото упатството.
Растенијата не смеат да се прскаат до 10 метри од извори и брегот на површинските води, а сопствениците на пчели во радиус до 2км од насадот треба навреме да се известат .
Здравствената состојба на посевите и насадите земјоделците треба да ја контролираат најмалку три пати во текот на годината.
Методија Трајков
