Македонија

КСС ги прекина протестите

27.04.2022 14:17

Од КСС тврдат дека нивни членови биле под жесток политички притисок, па затоа конфедерацијата решила да поднесе кривични пријави против непознати лица.

Конфедерацијата на слободни синдикати ги прекина протестите. Оттаму велат дека будно ќе следат, дали надлежните ќе ги исполнат законските обврски за работниците во јавниот сектор.

Од КСС тврдат дека нивни членови биле под жесток политички притисок, па затоа конфедерацијата решила да поднесе кривични пријави против непознати лица.

Во КСС сметаат дека работниците во јавниот сектор се крајно потценети, работат под стрес, за што според нив се виновни избраните и именувани лица.