Енергетска криза

Испораката на гас продолжува, ситуацијата е комплексна

27.04.2022 15:17

Се огласи и Регулаторната комисија за енергетика. Според информации со кои располагаме, „Макпетрол“, кој е долгогодишен трговец со природен гас, навреме ги има подмирено обврските кон „Газпром“, што подразбира стабилна испорака на природен гас, велат од Комисијата. Состојбата континуирано се следи и зависи од одлуките што Русија ќе ги донесе – дали ќе ја прошири листата на земји кон кои ќе ја стопира или ограничи испораката на природен гас, велат од Регулаторна...

Продолжува континуираната испорака на руски природен гас преку Бугарија, вели министерот за економија Крешник Бектеши. Обврските се навреме подмирени од трговците, ситуацијата е комплексна, но како држава имаме алтернативи за секоја можна ситуација.

Лани преку гасоводот биле пренесени рекордни 426 милиони нормални кубни метри природен гас, за четвртина повеќе од годината пред тоа. Практично искористени се 53% од капацитетот на гасоводот преку Бугарија. Најголем дел од гасот завршил во топланите, односно во ТЕ-ТО која работеше континуирано произведувајќи истовремено струја и топлинска енергија. Доколку сепак се раскине договорот за транзитирање меѓу Гаспром и Булгартрансгас тогаш земјава ќе може да се снабдува со природен гас алтернативно преку бугарскиот интерконектор со Грција и гасоводот ТАП, вели Бектеши.

Идната недела во Софија е најавена средба за проблемите во снабдувањето со природниот гас на министрите за економија на земјите од регионот.

Се огласи и Регулаторната комисија за енергетика. Според информации со кои располагаме, „Макпетрол“, кој е долгогодишен трговец со природен гас, навреме ги има подмирено обврските кон „Газпром“, што подразбира стабилна испорака на природен гас, велат од Комисијата. Состојбата континуирано се следи и зависи од одлуките што Русија ќе ги донесе – дали ќе ја прошири листата на земји кон кои ќе ја стопира или ограничи испораката на природен гас, велат од Регулаторна.

Најголемиот увозник на природен гас „Макпетрол“ соопшти дека прекинот во снабдување на Бугарија со природен гас од Русија не е поврзано со снабдувањето со природен гас во Македонија. Од компанијата информираат дека снабдувањето на крајните потрошувачи се одвива непречено и без застој.

Регулаторна потсетува дека,согласно правилата, сите што користат природен гас се должни да имаат алтернативно гориво како што е мазут, ТНГ, компримиран природен гас или екстралесно гориво, појаснуваат од комисијата.

Свето Николовски