Партии

Мицкоски на средба со комесарот за проширување на ЕУ, Вархеј

27.04.2022 18:46

На средбата Мицкоски истакна дека Македонија има направено бројни отстапки за да го оствари својот стратешки национален интерес за членство во Европската унија. Преговорите на Македонија со ЕУ треба да започнат веднаш, без дополнителни условувања од било која страна...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Владо Мисајловски и меѓународниот секретар Стефан Андоновски, остварија средба со Комесарот на Европската комисија за проширување и добрососедска политика, г-дин Оливер Вархеј.

На средбата Мицкоски истакна дека Македонија има направено бројни отстапки за да го оствари својот стратешки национален интерес за членство во Европската унија. Преговорите на Македонија со ЕУ треба да започнат веднаш, без дополнителни условувања од било која страна. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати негирање на македонскиот идентитет, јазик, историски континуитет и посебност.

На средбата се разговараше за актуелната политичка-економска состојба во земјата како и за динамиката на реализација на проектите кои се финансирани од ИПА фондовите во дел од општините.