Бугарија: Нема да го прекинеме транзитот на гас
Бугарија најави дека се подготвува за целосен прекин на снабдувањето со руски гас од февруари, но нема да го прекине транзитот до други земји, изјави бугарскиот вицепремиер Асен Василиев...

Бугарија најави дека се подготвува за целосен прекин на снабдувањето со руски гас од февруари, но нема да го прекине транзитот до други земји, изјави бугарскиот вицепремиер Асен Василиев. Тој додаде дека земјата може да обезбеди минување на околу 20 милијарди кубни метри гас преку нејзина територија.
Претходно, бугарската Влада соопшти дека ќе ги истражи сите правни мерки против Москва по одлуката да ја прекине испораката на гас бидејќи не платила во рубли. Кремљ одлуката ја правда како последица на невидени непријателски дејствија против Русија.
Во меѓувреме јужнокорејската Влада реши да пренасочи дел од сопствените резерви на течен гас кон Европа.
